Менторска програма
Објавено од Irena Kacarski-Kimova на 27 Nov 2023
Старт на проектот: 01/02/2017, Завршување на проектот:
Менторската програма на ЗПРМ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје е осмислена како одговор на оскудните можности за пракса за студентите по преведување и толкување во нашата земја.
Таа е замислена да служи како мост меѓу академскиот и професионалниот живот на овие студенти. Преку симулација на автентичен професионален ангажман, програмата им нуди можност на студентите да дојдат во контакт со искусни колеги – ментори, да соработуваат и да учат од нив и одблиску да добијат вистинска слика за сите аспекти на професијата преведувач/толкувач.
Програмски координатор: Соња Китановска-Кимовска
Ирена Кацарски-Ќимова – ментор за писмен превод (МК<>EN), ментор за толкување (МК<>EN)
Повеќе за Менторската програма може да прочитате на https://mata.mk/portfolio/


